На Фестивалот на турски јазик, кој се слави секоја година на 26 септември, Турската фондација Маариф и Универзитетот Њујорк во Тирана организираа онлајн настан на тема „Фестивал на турски јазик и ефектите на турскиот јазик на Балканот“.
Во организација на Турската фондација Маариф (ТФМ), во рамките на Фестивалот на турски јазик, се одржа онлајн настан за социјалните, културните и литературните ефекти на турскиот јазик на Балканот, на кој учествуваа учениците од училиштата на ТФМ во балканските земји, известува Анадолу.
На Фестивалот на турски јазик, кој се слави секоја година на 26 септември, Турската фондација Маариф, претставништво на Турската фондација Маариф во Албанија и Универзитетот Њујорк во Тирана организираа онлајн настан на тема „Фестивал на турски јазик и ефектите на турскиот јазик на Балканот“.
Претседателот на ТФМ, Бирол Акѓун, кој го одржа воведниот говор на настанот, рече дека турскиот јазик има големо влијание врз балканската култура и додаде:
„Културната акумулација која доаѓа од заедничката историја и заедничкиот живот со векови, продолжува и денес на улиците, населбите и градовите на балканските земји“.
Акѓун рече дека Турската фондација Маариф прави интензивни напори за изучување на турскиот јазик во училиштата на Балканот и додаде:
„Нашето постоење, како Турска фондација Маариф, значи исполнување на функцијата културен мост и негување на длабоките културни врски кои произлегуваат од историјата на Балканот“.
Ректорот на Универзитетот Њујорк во Тирана, проф. д-р Али Ѓунеш, истакна дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и важен елемент во преносот на културното наследство и додаде:
„Турскиот јазик е еден од најважните елементи кој е заштитник на наследството на Отоманската империја и го обезбедува неговото пренесување од генерација на генерација“.
Нагласувајќи дека активностите на ТФМ на Балканот ги зајакнуваат регионалните интеракции со изучувањето на турскиот јазик и култура, Ѓунеш истакна:
„Денес турскиот јазик служи како мост за културна размена и економска соработка во регионите во кои населението зборува и турски, како што се Косово, Македонија и Бугарија“.
Претставникот на Турската фондација Маариф во Албанија, Месут Озбајсар изјави дека турскиот јазик има историја долга илјадници години и додаде:
„Како училишта Маариф во Албанија ќе продолжиме да работиме на зачувување на постоењето на турскиот јазик и културните елементи на турските заедници на просторите на кои се наоѓаме, со цел тоа да им го пренесеме на идните генерации. Ова наследство е многу вредно богатство за нас и неговото одржување во живот е одговорност на сите нас“.
– „Турскиот јазик доживува преродба“
Поранешниот заменик на Партија за правда и развој (АК партија), проф. д-р Мустафа Исен имаше презентација насловена како „Фестивал на турскиот јазик и географија на турскиот јазик“, во која се осврна на турското културно присуство на балканските простори за време и по отоманскиот период.
Проф. Исен рече дека карактеристично за балканските јазици е што речиси сите имаат многу зборови кои потекнуваат од турскиот.
По говорите, учениците во училиштата во Албанија, Северна Македонија, Косово, Романија и Унгарија дадоа примери на турски зборови, поговорки и идиоми што ги користат во секојдневниот живот и читаа делови од песни напишани на турски јазик од поети кои потекнуваат од нивните матични земји.
По завршувањето на ученички презентации, се одржаа академски презентации со наслов „Турските студии на Балканот и ефектите на турскиот јазик“ и „Ефектот на турскиот јазик на Балканот“.
Настанот заврши со завршна седница и рецензија.
AA