ноември 23, 2024

Орбан: Тука сме да помогнеме во решавање на постоечкиот конфликт со Бугарија

Морам многу да внимавам да изговарам Северна Македонија, за да не настане меѓународен проблем, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан утрово во интервју за унгарското Радио „Кошут“ кое емитува програма од брегот на Охридското езеро.

„Порано оваа држава се нарекуваше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да си го сменат името во Република Северна Македонија и морам и јас многу да внимавам така да го формулирам, за да не настане некоја меѓународен проблем“, рече Орбан на почетокот од интервјуто.

Запрашан за целта на неговата посета, тој вели дека тука е за помош на Македонија на евроинтегративниот пат, но и други теми.

„И сега имаат еден конфликт со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите околу положбата на националните малцинства, Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ, сметавме дека треба како задолжителни да ги посетиме оние држави кои се во најтешка позиција во однос на зачленување кон ЕУ и да им помогнеме, во решавањето на постоечките конфликти. Тоа е една од причините, за која сум тука. Но има и поважна причина, ние имаме и други прашања, кои се важни, а тоа е прашањето на миграцијата“, додава Орбан.




TV21

Read Previous

Унгарскиот премиер Орбан во посета на Северна Македонија, во Охрид примен од премиерот Мицкоски

Read Next

На Денот на турскиот јазик учениците на Маариф разговараа за ефектите на турскиот јазик на Балканот