Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (27.09.2024) во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер.
На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.
Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки.
Исто така, министерот Пинтер упати покана до министерот Тошковски да учествува на претстојната конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Будимпештанскиот процес, која ќе се одржи во Будимпешта во ноември оваа година.
TV21