ноември 23, 2024

СДСМ: Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат

Од СДСМ велат дека Халил Снопче и Христијан Мицкоски, заедно со Арбен Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат.

Од СДСМ велат дека Халил Снопче и Христијан Мицкоски, заедно со Арбен Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат.

Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.

Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.

Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат.

Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните“, велат од СДСМ.




TV21

Read Previous

Министерството за правда и странски експерти ќе работат на надминување на проблемите во правосудството

Read Next

Во Скопје се одржа 18. состанок на министрите за земјоделство од Југоисточна Европа