ноември 22, 2024

Ердоган: Економијата претставува една од најважните димензии на односите меѓу Туркије и САД

Последните две години Америка е втора извозна и петта увозна земја за Туркије, рече Ердоган, додавајќи дека обемот на трговска размена меѓу двете земји во 2023 година надминал 30 милијарди долари

Полето на економијата е една од најважните димензии на односите меѓу Туркије и Соединетите Американски Држави (САД), изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Економските и трговските прашања сочинуваат една од најважните димензии на нашите односи со Америка“, рече Ердоган на тркалезната маса со американските и турските бизнисмени на 15. Инвестициска конференција на Туркије, чиј домаќин беше Бизнис-советот Туркије-САД (ТАИК)(TAIK).

Ердоган пристигна во Њујорк во саботата за неговото обраќање на 79. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации денес во Њујорк, каде што одржуваше состаноци зад затворени врати со своите колеги.

Последните две години Америка е втора извозна и петта увозна земја за Туркије, рече Ердоган, додавајќи дека обемот на трговска размена меѓу двете земји во 2023 година надминал 30 милијарди долари.

Нагласувајќи дека двете земји можат да ја постигнат заедничката цел од 100 милијарди долари во нивниот обем на трговска размена, Ердоган рече: „За таа цел, едностраните практики, како што се дополнителните царини во секторите за железо, челик и алуминиум, истрагите и санкциите ЦААТСА (CAATSA) мора да бидат укинати.“

Турскиот претседател нагласи дека соработката со САД во одбранбената индустрија „за жал е далеку од нејзиниот потенцијал“ во последните години, поради ограничувањата.

„Се надеваме дека отворивме нова страница со проектот за модернизација на Ф-16 (борбен авион) и очекуваме трајно да се отстранат извозните бариери во оваа област“, ​​додаде Ердоган.

Претседателот очекува поддршка во обезбедувањето на потребните капацитети, особено визи, за турските компании да влезат на американскиот пазар.




AA

Read Previous

Нека му е со среќа, рече Мицкоски за најавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе законот за бранители

Read Next

Министерството за правда и странски експерти ќе работат на надминување на проблемите во правосудството