ноември 22, 2024

Нека му е со среќа, рече Мицкоски за најавата на Снопче дека ќе ја напуштат Владата ако се донесе законот за бранители

Во изјава за медиуми, денеска премиерот Христијан Мицкоски на прашање на ТВ21 како планира да го реши тоа што го изјави синоќа заменикот на АА, Халил Снопче во емисијата „Клик Плус“, дека доколку го изгласаат законот за бранители тие ќе ја напуштат Владата тој кратко кажа „нека му е со среќа“.

-Нека му е со среќа, изјави Мицкоски.

Инаку, заменикот на Алијанса за Албанците – крилото на Арбен Таравари, Халил Снопче во вчерашниот дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека доколку се укине Законот за употреба на јазиците – албанскиот јазик и се одобри Законот за „бранители“, ВЛЕН ќе излезе од Владата.




TV21

Read Previous

Во Скопје ќе се одржи Економски форум Туркије-Северна Македонија

Read Next

Ердоган: Економијата претставува една од најважните димензии на односите меѓу Туркије и САД