Израелските борбени авиони извршиле над 80 воздушни напади во период од 30 минути, напаѓајќи ги регионите и долините меѓу градовите Ансар и Зарије во губернијата Набатије во јужен Либан
Израелските воени авиони утрово извршија над 80 воздушни напади, насочени кон неколку области во јужен и источен Либан.
Според Либанската државна новинска агенција, во 6:30 часот, израелските борбени авиони извршиле над 80 воздушни напади во период од 30 минути, напаѓајќи ги регионите и долините меѓу градовите Ансар и Зарије во губернијата Набатије во јужен Либан.
Цел на нападите беа и предградијата на градовите Ва’ба, Џибчит, Шаркија, Ал-Намирије, перифериите на Кфар Тебнит, Набатије ел Фаука, Деир ел Захрани, Румине, Аза, предградијата на Хумине ел Фаука, периферијата на Набатије ел Фаука и населбата Ал-Џамјат.
Напади се извршени и врз областите околу автопатот Кфар Румане – Мидне, периферијата на Јохмор ал-Шакиф, Арнун, Џабал ал-Туфа, Џабал ал-Рихан, предградијата на Сеџуд и поранешниот премин Кфар Тебнит.
Истовремено, во 6:30 часот Израел изврши серија тешки воздушни напади врз регионот Бекаа, поточно областите околу Чмистар, Бодаи, Наби Чит и предградијата на Баалбек во источен Либан.
Според новинската агенција, неколку воздушни напади биле насочени и кон периферијата на Збуд во северниот дел на Бекаа, планинските региони Хермел и Џабал Сафи во западниот дел на Бекаа.
Се истакнува дека израелските воени авиони, исто така, извршиле тешки напади врз области источно од градот Тир, како и воздушен напад во подрачјето на реката Литани на јужната периферија на Длафи во јужен Либан.
AA