На прашање на ТВ21, дали е вистина и зошто е поништена постапката како што обвинуваат од ДУИ дека ЈП „Државни Патишта“ ја поништиле постапката за замена на сите сообраќајни знаци и информативни табли во автопатиштата на земјата, согласно законот за употреба на јазици и како ке се постапи во овој дел, од ЈП „Држани патишта“ за ТВ21 велат дека ниту еден од четирите понудувачи на објавениот отворен повик не ги исполнувал условите и донесена е Одлука со која постапката е поништена.
„Јавното претрпијатие за државни патишта спроведе Отворена постапка за јавна набавка на Поставување на сообраќајна сигнализација за водење на државни патишта согласно законот за употреба на јазиците. На објавениот отворен повик се јавија 4 (четири) понудувачи. При евалуација на понудите Комисијата констатираше дека ниту еден од четирите понудувачи не ги исполнува условите дефинирани во тендерската документација.
Следствено на наведеното дека ниту еден од четирите понудувачи не ги исполнува условите од тендерската документација, а согласно член 114 став 1 алинеја 2 од Законот за јавни набавки дека во оваа постапка нема ниту една прифатлива понуда, на 26.07.2024 година донесена е Одлука со која постапката е поништена.
Со оглед на тоа дека ниту еден од понудувачите во претходниот повик не ги исполнуваше условите, Јавното претпријатие за државни патишта врши разгледување на сите можности за решавање на ова прашање“, велат од ЈП „Државни патишта“.
TV21