ноември 24, 2024

Мицкоски: Да бидат сигурни македонските граѓани дека ќе се бориме и ќе се избориме за македонските национални интереси

Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствуваше на почетокот на доградба на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин, Општина Аеродром.

Тој во изјава за новинари рече дека „ние не сме во можност да почнеме преговори за влез во ЕУ не заради тоа што не ги почитуваме Копенхагеншките критериуми, не заради тоа што не сме љубители на европските вредности туку заради тоа што има вештачки наметнати пречки“.

-Како што беше и во минатото кога бевме опозиција така и сега како Влада дури имаме повеќе аргументи. Сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустацијата којашто ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму бидејќи таа е голема, огромна би рекол бидејќи повеќе од две и половина децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската унија, повеќе од деценија ипол откако и официјално го добивме првиот позитивен извештај од страна на Европската комисија за почнување на овие преговори ние не сме во можност да почнеме не заради тоа што не ги почитуваме Копенхагеншките критериуми, не заради тоа што не сме љубители на европските вредности туку заради тоа што има вештачки наметнати пречки коишто ниту еден народ ниту една држава ги немала како што ги имаме ние. Да бидат сигурни македонските граѓани дека ќе се бориме и ќе се избориме за македонските национални интереси, вели Мицкоски.




TV21

Read Previous

Затворени дел од училиштата во Србија – протест на просветните работници

Read Next

Таравари: Може да разговараме со Сеља и Ахмети за прашањата поврзани со Албанците