Во Владата почна средбата помеѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.
На средбата ќе се разговара за проблемите во Скопје, пред се хигиената која е на ниско ниво, но и за многу други теми поврзани со главниот град.
Во последните неколку денови од двете страни дојдоа многу напади. Владата ја нападна Арсовска дека не се грижи за хигиената во Градот, а градоначалниците на општините во Скопје побараа од Мицкоски да се одземат дел од ингеренциите на Град Скопје, особено на Комунална хигиена и Паркови и зеленило и да се предадат на општините.
TV21