ноември 21, 2024

Миовски во Џирона за рекордна сума за Абердин, го продаде 13 пати повеќе

Бојан Миовски е пред потпис со хитот во шпанската примера, екипата на Џирона. Она што се најавува веќе неколку дена, сега доби потврда и од познатиот новинар Фабрицио Романо, кој пишува дека Абердин за македонскиот репрезентативец ќе инкасира рекордна сума од 8,1 милиони евра, што претставува двојно поголема сума од досегашниот трансфер-рекорд на шкотскиот клуб. 

Македонецот имаше голема желба да настапи во некоја од најдобрите европски лиги, па тоа сега му се оствари и ќе има шанса да заигра во Лигата на шампионите. Миовски вчера се збогуваше со навивачите на Абердин, а потписот со Џирона се очекува да биде официјализиран најдоцна во текот на утрешниот ден. 

Миовски пристигна во Абердин пред две сезони од унгарскиот МТК Будимпешта. Шкотскиот клуб одлично ќе заработи од неговиот трансфер, затоа што го доведе за само 615.000 евра. Во дресот на Абердин нашиот центарфор постигна вкупно 44 голови на 97 одиграни натпревари.

GOL MK

Read Previous

Македонец убиен во Србија

Read Next

Трагедија во Австрија: Во две несреќи со параглајдер загинале три лица