Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска имаше средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.
МНР соопшти дека на средбата е потврден заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации.
Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот, стои во соопштението од МНР.
ZOOM