Коалицијата Влен се повлекува од шестмесечниот рок за внес на Бугарите во Уставот. Евроинтеграциите беа еден од клучните приоритети и услови на ВЛЕН при составот на владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Од коалицијата неколку пати потенцираа дека дале рок од шест месеци да има исчекор на ова поле, а од друга страна премиерот Христијан Мицкоски велеше дека со рокови и ултиматуми не работи. „Влен сега го пролонгираше рокот, но не се знае до кога. Според нив, вината лежи во Бугарија.
„Да имавме актуелна Влада, функционална, во Бугарија сметам дека веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Северна Македонија и Бугарија. Така што, имајќи ја предвид состојбата во Република Бугарија сметам дека има простор тука, во координација со меѓународниот фактор да се пролонгира рокот.“, вели Фари Хисени.
TV21