септември 19, 2024

Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури

Од УХМР се огласија по повод температурите во идниот период. Од таму велат дела следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено на почетокот на идната недела. Идната недела ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Во вторник се очекува температурата да достигне 40 степени.

Според УХМР, за време на викендот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и максимална температура од 38 степени, а во Скопје сончево и топло со мала облачност и температура до 37 степени.

TV21

Read Previous

Шумските пожари опустошија пет отсто од вкупната територија на Македонија

Read Next

МП: Почнува процесот на изработка нов Закон за судска служба