ноември 22, 2024

Завршија Олимписките игри за Владимир Егоров

Четвртиот македонски претставник во Париз 2024, не успеа да ја мине првата пречка во борење.

Македонскиот борач Владимир Егоров експресно го заврши настапот на Олимписките Игри во Париз, по поразот од Индиецот Амар Шерават.

Во првото коло во категоријата до 57 килограми, Егоров загуби убедливо со 10:0. 

Тоа е истата дисциплина во која пред две години стана европски првак на турнирот во Будимпешта.

Денеска со почеток од 12 часот ќе настапи петтиот македонски претставник, а тоа е надежната таекдондистка Милјана Рељиќ која ќе дебитира на ОИ против Британката Џејд Џонс.

Последниот наш претставник е Дарио Ивановски кој на 10 август ќе трча маратон.

OFF NET

Read Previous

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје

Read Next

Венецуелските власти обвинија четворица новинари за „тероризам“