ноември 21, 2024

Претседателката Сиљановска Давкова го прими австралискиот амбасадор Даниел Емери

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.

На средбата беше разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се пријателски и следната година ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази посветеноста од македонска страна за натамошно проширување на соработката на различни полиња и изрази очекување дека Австралија ќе продолжи да биде наш партнер и сојузник во остварувањето на стратешките цели и аспирации.

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова го реафирмираше интересот од македонска страна за отворање на резидентна амбасада на Австралија во Скопје.

Како важна врска меѓу двете држави беше посочена бројната македонска заедница во Австралија, која дава важен придонес во општествениот живот на Австралија и придонесува за австралискиот економски развој.

Претседателката Сиљановска Давкова на средбата истакна дека нивото на економска соработка не ги рефлектира одличните политички односи меѓу двете пријателски земји и дека постои огромен неискористен потенцијал во насока на развој на економската соработка и зголемување на трговската размена.

TV21

Read Previous

Во Албанија дводневна жалост за големиот Исмаил Кадаре

Read Next

Гаши – Франгеш: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро