ноември 22, 2024

Гаши: Историјата да ја оставиме на историчарите, ние да зборуваме за иднината

Африм Гаши и официјално седна на столчето на собраниски спикер. Тој се заблагодари на довербата од новиот парламентарен состав, и вети дека ќе работи за доброто на граѓаните.

„Нема да дозволам ниту еден пратеник да се чувствува индескридитиран. Да докажеме дека ние сме најдобфрата слика на ова општество, или Северна Македонија во минијатура. Почитувани пратеници, почитувани граѓани. Минатата година во САД се сретнав со секретарот кој почина после неколку месеци. Тој ми кажа нешто кое ми доаѓа на ум додека ви се обраќам. Тој кажа: „Верувам во слободата на изразување, и верувам општествата напредуваат кога дозволуваат слобода на изразување“. Имам мое политичко мислење како пратеник, но како претседател ќе се погрижам нашето оптешство да процвета низ слободата на изразување.

Имаме Собрание, нов парламентарен состав и мнозинство кое ќе го состави новата Влада. Пред нас се отвора нова перспектива. Да го сопреме егзодусот на младите. Јас сум голем оптимист, дека можеме да вратиме многу наши иселеници, ако ги исполниме ветувањата за кревање на животниот стандард. Дебатата за минатото не е дискус кој треба да се развива од политичарите, а најмалку за пратениците. Минатото е добра тема за историчарите, но не и за политичарите. Од нас се бара да ја подобриме иднина и да зборуваме за иднината, а не за минатото. Ако зборуваме само за минатото, нема да имаат корист нашите граѓани. Затоа треба да се соединиме околу општите барања на граѓаните. Реформи во образованието, заштита на семејството и заштита на  животната средина. Имаме многу точки кои не обединуваат, и ова е добра можност. Имаме многу малку наратив кој не разделува. Уште еднаш да ви се заблагодарам на поддршката, да бидеме во служба на граѓаните без разлика на етничката, верската и национална припадност“, рече Гаши и седна на местото претседател на Собранието.

Read Previous

Африм Гаши предложен за претседател на Собранието со 75 потписи од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ

Read Next

Судар на автобус со патнички автомобил кај Мали Пожаревац – возачот загина, повеќе од 30 повредени