ноември 25, 2024

Во Скопје се одржа протестен марш по повод 1 Мај

Организаторите истакнаа дека меѓу другото бараат пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор и исплата на трошоците за храна и превоз.

Во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), стотици работници излегоа на протест низ улиците на главниот град на Северна Македонија по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, јавува Анадолу.

Протестниот марш со мотото „Ние работниците“ почна пред Работничкиот дом, продолжи пред Собранието, Стопанската комора и заврши пред Владата на Северна Македонија.

Организаторите истакнаа дека меѓу другото бараат пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор и исплата на трошоците за храна и превоз.

Тие исто така ја критикуваа минатогодишната одлука според која избраните и именуваните функционери ги покачија платите за 78 проценти.

Демонстрантите маршираа држејќи транспаренти на кои пишуваше „Функционер си денес, утре не си“ „Бараме плата колку вашата“ „Нели ви е срам“.

Протестниот марш заврши мирно и без инциденти.

Read Previous

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Read Next

Фидан разговараше со Блинкен: „Масакрот во Газа треба да заврши што е можно поскоро“