ноември 21, 2024

Фидан разговараше со Блинкен: „Масакрот во Газа треба да заврши што е можно поскоро“

– За време на состанокот со американскиот колега Ентони Блинкен во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, шефот на турската дипломатија Фидан рече дека треба да се изврши притисок врз Израел за да се стави крај на масакрот.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан вчера изјави дека масакрот во Газа треба да заврши колку што е можно поскоро, пренесува Анадолу.

За време на состанокот со американскиот колега Ентони Блинкен во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, Фидан рече дека треба да се изврши притисок врз Израел за да се стави крај на масакрот, да се обезбеди траен прекин на огнот и испорака на хуманитарна помош во Газа.

На состанокот Фидан и Блинкен разговараа за ситуацијата во Газа, соопштија дипломатски извори. Тие разговараа и за актуелната ситуација во Украина и билатералните односи меѓу Анкара и Вашингтон.

Фидан и Блинкен се состанаа на маргините на состанокот на Контакт-групата во Газа, кој се одржува на маргините на дводневниот Светски економски форум, соопшти турското Министерство за надворешни работи на платформата Х.

Read Previous

Во Скопје се одржа протестен марш по повод 1 Мај

Read Next

Силен земјотрес ги разбуди Хрватите, почувствуван е и во Босна и Херцеговина: „Добро не потресе!“