Новинарот на американскиот портал Аксиос, Барак Равид, кој е и аналитичар на Си-Ен-Ен, како извори наведе четворица неименувани израелски и американски претставници.
Новинарот на американскиот портал Аксиос, Барак Равид, вечерва објави на платформата Икс дека Иран извршил напад врз Израел користејќи десетици дронови.
Равид, кој е и аналитичар на Си-Ен-Ен, како извори наведе четворица неименувани израелски и американски претставници.
Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, потврди дека од територијата на Иран кон таа земја биле лансирани десетици беспилотни летала . Според него, израелските воздухопловни сили ги надгледуваат беспилотните летала, а тој нагласи и дека ќе бидат потребни неколку часа за да стигнат до воздушниот простор на земјата.
– Ќе се изврши блокирање на ГПС и војската ќе се обиде да ги пресретне беспилотните летала – рече тој.
Хагари додаде дека ќе има нови предупредувања доколку се случат нови напади и армијата навремено ќе ја информира израелската јавност.
– Сирените за воздушен напад ќе се огласат само во случај беспилотните летала да влезат во израелскиот воздушен простор, а војската ќе се обиде да ги пресретне и собори што е можно поскоро – рече Хагари.