Сопственик на запаленото возило бил полицаец од српската заедница, кој не ја напуштил косовската полиција кога локалните Срби ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година.
На припадник на граничната полиција на Косово рано утрово му е запален автомобилот во Северна Митровица, јавува Анадолу.
Заменик-директорот на косовската полиција за регионот север, Ветон Елшани, за Анадолу потврди дека е подметнат пожар на автомобил во Северна Митровица.
„Утринава околу 5:30 часот дојде до подметнување пожар на возило на припадник на косовската гранична полиција“, изјави Елшани.
Тој додаде дека засега нема осомничени и дека полицијата работи на расчистување на случајот.
Како што пренесуваат локалните медиуми, сопственик на запаленото возило е полицаец од српската заедница, кој не ја напуштил косовската полиција кога локалните Срби ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година.