ноември 21, 2024

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул

Најмалку 15 лица загинаа, а осуммина се повредени, од кои седум потешко, во пожар што избувна во ноќен клуб под повеќекатна зграда во истанбулскиот кварт Бешикташ, јави Анадолија.

Во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Истанбул се наведува дека пожарот избувнал во ноќен клуб лоциран на кат-1 и-2 во 16-катница на улицата Јилдиз Поста, во населбата Гајретепе.

На местото на пожарот пристигнале бројни противпожарни единици и екипи за итна помош.

Наведено е дека пожарот избувнал како последица на реновирање во ноќниот клуб, иако не се наведува точната причина.

– Во пожарот животот го загубија 15 лица, а повредени се вкупно осум лица, од кои седум се во критична состојба. Повредените се префрлени во болниците во регионот, се вели во соопштението.

Read Previous

Иранскиот врховен лидер Хамнеи: Израел ќе биде казнет за нападот врз Конзулатот

Read Next

Претседателските кандидати поптишаа Кодекс за фер и демократски избори