Содржината на Кодексот ја прочита потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која нагласи дека ќе се залагаат сите учесници да ги почитуваат сите закони, нема да користат говор на омраза и за спроведување на успешно фер и демократски на изборите.
Кандидатите за претседател на државата денеска во македонската Државната изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.
Актуелниот македонски претседател и кандидат за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, изрази уверување дека „имаме доволно институционална меморија како држава и доволно политичка култура меѓу сите кандидатите да го одржат нивото на дебата и целиот процес да биде фер и демократски.“
Гордана Силјановска кандидат за претседателка на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ потпишувањето на кодексот го оцени како церемонијален чин и нормативен и морален илузионизам, но посочи дека лично таа ќе говори со аргументи и програма и ќе ги почитува сите кандидати.
Кандидатот за претседател од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски рече дека Кодексот ќе го почитува, но нема да го потпише доколку ДИК не гарантираат дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средставата за кампања не биле рамноправно поделени.
Бујар Османи, кандидат за претседател од редовите на ДУИ, рече дека ќе се залага за позитивна кампања, порачувајќи дека повеќе станува политички морал и даден збор пред граѓаните дека ќе пристапат корекрно кон овие важни за нашата држава избори.
Билјана Ванковска, кандидатка за претседателка на државата поддржана од Левица, нагласи дека Кодексот ќе го потпише, но не верува во ништо од ова, како што рече, празно парче хартија и побара телевизиите да организираат дебати со сите претседателски кандидати.
Кандидатот за претседател на државата поддржан од здружената опозиција од албанскиот политички блок, Арбен Таравари, изрази надеж дека овие избори ќе бидат најфер и најдемократски избори досега.
Максим Димитриевски, кандидат за претседател номиниран од ЗНАМ, рече дека ќе ги прифати сите јавни настапи со сите претседателски кандидати и посака на овие двојни избори да победи демократијата.
Содржината на Кодексот ја прочита потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која нагласи дека ќе се залагаат сите учесници да ги почитуваат сите закони, нема да користат говор на омраза и за спроведување на успешно фер и демократски на изборите.