Уставниот суд може да воведе голем хаос во Хрватска и да доведе до она што со години го прави премиерот Андреј Пленковиќ, а тоа е заглупување, изјави Милановиќ.
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека нема да го послуша предупредувањето на Уставниот суд дека не смее да учествува во изборниот процес и дека, како што рече, ако тој суд се осмели да ги поништи изборите, тоа ќе биде државен удар.
Милановиќ во Плитвице повтори дека опомената на Уставниот суд не се однесува на него бидејќи тоа не е одлука, пренесе Хина.
Милановиќ изјави дека Уставниот суд може да „воведе голем хаос во Хрватска и да доведе до она што со години го прави Андреј Пленковиќ, а тое заглупување“.
Милановиќ ги закажа парламентарните избори во Хрватска за 17 април, по распуштањето на хрватскиот парламент на 14 март.
Милановиќ објави дека се кандидира како независен и непартиски кандидат на листата на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП).
Парламентарните избори првично беа планирани за наесен, но владата одлучи да ги одржи пред изборите за Европскиот парламент во јуни.
Уставниот суд на Хрватска на 18 март предупреди дека актуелниот претседател Зоран Милановиќ не смее да биде кандидат за пратеник како независен кандидат, ниту кандидат за премиер на која било политичка опција, ниту на кој било начин да учествува во изборната кампања.
Уставниот суд наведе дека Милановиќ, доколку сака да се кандидира за функцијата, мора да поднесе оставка од функцијата шеф на државата, по што должностите на претседателот ќе ги преземе претседателот на парламентот, а претседателските избори мора да се одржат во рок од 60 дена.