Во израелските напади само во последните 24 часа убиени се 77 лица, а 108 се повредени.
Најмалку 32.782 Палестинци се загинати, а 75.298 се повредени во тековната израелска офанзива врз Појасот Газа од минатиот октомври, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во израелските напади само во последните 24 часа убиени се 77 лица, а 108 се повредени.
„Многу луѓе сѐ уште се наоѓаат под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, нагласи Министерството.
Израел започна смртоносна воена офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе.
Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.
Израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според Обединетите нации.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во четвртокот побара од Израел да стори повеќе за да спречи глад во Газа.