ноември 23, 2024

Зголемен бројот на болни ученици од пертусис, во некои училишта ќе се врши дезинфекција

Во неколку основни и средни училишта во пораст е бројот на ученици кои отсуствуваат од наставата, а во боледувањата на децата пишува дијагноза пертусис, односно попозната како магарешка кашлица, болест која се рашири низ Скопје каде е прогласена епидемија. Во дел од училиштата викендов се најавува дезинфекција.

Како што дознава МКД.мк, во некои одделенија, односно класови во еден број од училиштата во Скопје, има по неколку деца за кои родителите јавиле дека се болни од магарешка кашлица и дека болеста им е потврдена.

Во консултација со Државниот здравствен и санитарен инспекторат и со Центарот за јавно здравје – Скопје директорите на училиштата се информирани дека основно е да не се крева паника, но дека треба некои протоколи да бидат испочитувани, меѓу кои и да се побара проверка на вакциналниот статус на учениците

Доколку ученикот има потврдена дијагноза на пертусис неговото отсуство од настава треба да трае најмалку 6 дена при што треба да се прима терапијата препишана од матичниот лекар или од специјалист инфектолог.

Учениците кои пројавуваат симптоми да им биде кажано нив и на родителите дека треба веднаш да отидат на матичен лекар кој евентуално ќе им препише превентивна терапија.

Доколку има ученици кои не биле вакцинирани против магарашката кашлица, односно ДиТеПер, а има болни во одделението/класот, да бидат ослободени на 4 до 5 дена од наставата.

Инаку, според последниот извештај за јавноста на Институтот за јавно здравје, во седумте дена до 7 март биле потврдни нови 50 случаи на пертусис, а најголемиот број од заболените се деца на возраст од 10 до 14 години.

Како што изјави вчера претседатлеот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, само во Скопје се потврдени случаи на над 170 деца и возрасни со голема кашлица и над 200 заболени во државата со очекување дека тој број ќе расте.

Read Previous

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција

Read Next

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики