Пријателството меѓу Косово и Бугарија и институционалната соработка меѓу нашите земји се веќе официјална политика на Софија и Приштина, најавена и нашироко дискутирана на официјални средби и со шефовите на бугарската држава. Ова го изјави косовскиот премиер Албин Курти на приемот организиран од Амбасадата на Бугарија во Приштина по повод бугарскиот национален празник 3 март, пренесува БГНЕС.
„Косово и нашиот сојузник Бугарија ги обединува и нивната ориентација кон демократијата и владеењето на правото во време кога автократите во регионот се охрабруваат да ги загрозат демократските вредности“, нагласи Курти.
Тој, исто така, потсети дека Косово годинава ќе ја прослави 25-годишнината од своето ослободување и во оваа прилика и се заблагодари на Бугарија што го отворила нејзиниот воздушен простор за авионите на НАТО во 1999 година за време на бомбардирањето над Србија, која изврши етничко чистење на албанското население.
„Покрај тоа, Косово не заборави дека бугарските власти први ја открија операцијата „Потковица“ – планот на Србија за етничко чистење на Албанците на Косово. Деновите на националното ослободување, како што се Денот на ослободувањето на Бугарија и Денот на ослободувањето на Косово, кој ќе го славиме во јуни, се повод да се потсетиме како се ослободија нашите народи. Затоа што, сеќавајќи се како ја добивме нашата слобода, ќе знаеме и како да ја браниме“, нагласи Курти.