ноември 23, 2024

Пендаровски: Прогнозите на ВМРО – ДПМНЕ се само за првиот круг, тие знаат дека во вториот круг јас сигурно сум победник

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот” на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг.

,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој никогаш не станал, со 7 кандидати, претседател во првиот круг. Значи анкетите кои јас ги знам, а ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг јас сигурно го добивам нивниот кандидат”

Во оваа насока претседателот Пендаровски образложи дека условот еден кандидат да победи во првиот круг е за него да гласаат 50 проценти плус еден граѓанин, од сите луѓе запишани во избирачкиот список, значи околу 900 илјади граѓани, што, како што истакна претседателот Пендаровски е апсолутно невозможно.

Read Previous

Петровска: НАТО е пазар од 5 милијарди евра годишно, не смееме да ја пропуштиме шансата

Read Next

Комисиска расправа по Предлог-законот за нефер трговски практики