ноември 23, 2024

Јапонија ќе обезбеди финансиска помош од над 10 милијарди долари за Украина

Во Јапонија се одржува конференција за економска обнова на Украина по руската воена инвазија, на која учествуваат јапонскиот и украинскиот премиер, Фумио Кишида и Денис Шмигал.

Јапонија ја поддржуваше и продолжува да ја поддржува Украина, истакна Кишида на форумот.

Тој најави дека Јапонија преговара со Украина за склучување билатерален инвестициски договор, но не откри детали. Двете земји веќе постигнаа договор за избегнување на двојното оданочување.

Јапонија се обврза да и обезбеди на Украина финансиска помош во износ од повеќе од 10 милијарди долари. Токио не може да му обезбеди оружје и муниција на Киев, бидејќи законодавството на азиската земја не дозволува извоз на оружје

За време на конференцијата во Токио, околу 50 јапонски компании потпишаа договори за соработка со украински компании во секторот земјоделство, енергетика и изградба и одржување на инфраструктурни објекти.

Read Previous

Албанската опозиција потпиша Декларација за обединување со цел рушење на ДУИ!

Read Next

Арсовска во директна трка на изборите со Мицкоски, Апасиев и Ковачевски: Ќе бидам носител во Изборна единица 1