Нова алтернатива функционира и се консолидира, а носителите на изборните единици ќе ги објавиме наскоро, вели Данела Арсовска, во интервјуто во Студио 10 на ТВ24.
Партијата Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат ирганите на самата партија откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.
– Сакаме да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат, вели Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Инаку, во ИЕ 1 носители на листи меѓу другите се Христијан Мицкоски, Димитар Ковачевски и Димитар Апасиев.