ноември 23, 2024

Вкупно 502 бубрежни трансплантации спроведени на Клиниката за урологија

Вкупно 502 бубрежни трансплантации се спроведени досега на Клиниката за урологија, информираше денеска директорот Сашо Дохчев на прес-конференција.

– Вкупниот број на трансплантации досега е 502, од кои 85 се кадаверични. Значајно е да се напоменат и трите години за време на пандемијата од Ковид-19, период кога со голем ризик за пациентите, се изведуваа трансплантациите, појасни Дохчев.

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека во декември, успешно била изведена јубилејната трансплантација на бубрег кај 25-годишна пациентка, која била во тешка состојба.

– Особено ми е драго што по оперативниот зафат и постоперативниот тек, денеска таа е во добра здравствена состојба и полека се враќа на секојдневните животни активности, додаде министерот.

Меџити најави и реновирање на Урологија.

На прашањето колку пациенти чекаат на листа, професор доктор Гоце Спасовски рече дека пет пара се спремни за жива трансплантација, околу 120 луѓе за кадаверична.

Read Previous

Четири деца починаа од голема кашлица во Белград, едно дете на респиратор

Read Next

Борел: Ако не ја поддржи Украина, ЕУ ќе плати многу висока цена