Четири деца починаа од голема кашлица во Институтот за мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград, изјави за РТС проф. д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и раководител на педијатриската клиника на Институтот.
Вукомановиќ вели дека доенчињата на возраст од два, три или четири месеци може да развијат многу тешка клиничка слика на голема кашлица, која завршила со смрт кај четири деца на Институтот.
Едно Дете Е На Респиратор, Што Значи Дека Животот Му Е Многу Загрозен“, Вели Професорот.
Според него, 70 деца се позитивни на пертусис, односно голема кашлица, а од нив околу половина се хоспитализирани.
„Ова укажува на експоненцијален пораст на децата кои покажуваат тешка клиничка слика“, вели проф. д-р Вукомановиќ.