ноември 23, 2024

Извршено е првото вградување чип во човечки мозок – Маск: Пациентот е во добра состојба

Американскиот бизнисмен Илон Маск објави дека на првиот пациент на кој му бил вграден чип во мозокот преку програмата Телепати (Telepathy) на неговата компанија „Неуралинк“ добро закрепнува.

„Првите резултати покажуваат ветувачко откривање на невронската активност“, напиша Маск во објавата на платформата X.

Маск рече дека чипот „ќе ви овозможи да го контролирате вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, само со размислување“, пренесува Скај њуз. 

Read Previous

Турчинка се развела од сопругот поради лоша хигиена, судот и досуди отштета од повеќе од 16 илјади долари

Read Next

Пуџедмонт останува во бегство, шпанските пратеници гласаа против законот за амнестија на каталонските сепаратисти