ноември 6, 2024

Грипот зама замав: Во штипскиот регион за 23 дена регистрирани 195 случаи слични на грип

Во штипскиот регион од октомври 2023 година до денеска се регистрирани околу 300 клинички пријавени случаи, слични на грип, изјави денеска за МИА, епидемиологот, Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје-Штип.

Најмногу случаи се регистрирани од почетокот на јануари до денеска и оваа бројка изнесува 195 случаи. Таа посочи дека околу 70 проценти од пациентите се од детската популација, односно од 0 до 14 години.

Имаме И Неколку Случаи На Грип, Кои Се Лабарториски Потврдени И Станува Збор За Инфлуенца Тип А, Вели Живкова.

Таа посочи дека по апелот на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски деновиве имаат повторно заинтересираност кај пациенти за вакцинација против грип. Дневно по околу пет пациенти од ризични групи, пред се од повозрасната популација со хронични заболувања им доаѓаат во пунктот, за да се имунизираат.

Read Previous

Се поизвесно е дека вработените во ФЗО ќе стапат во генерален штрајк, велат од Синдикатот на УПОЗ

Read Next

Прв пат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, вели Бектеши!