21-годишник е тешко повреден откако со возило излетал од пат.
Денеска (23.01.2024) во 02.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Волковија, кај с.Брвеница, патничко моторно возило „фолксваген кеди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Брвеница, тетовско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клинички центар Тетово, соопштија од МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
SkopjeInfo