ноември 24, 2024

Орбан го покани шведскиот колега Кристерсон да ја посети Унгарија за да преговараат за приемот на Шведска во НАТО

„Денес пратив писмо со покана до шведскиот премиер Улф Кристерсон за посета на Унгарија за да преговараме за приемот на Шведска во НАТО“, рече премиерот Виктор Орбан на социјалната платформа X.

Унгарија ја покани Шведска да преговара за кандидатурата на Стокхолм за членство во НАТО, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Анадолу.

„Денес пратив писмо со покана до шведскиот премиер Улф Кристерсон за посета на Унгарија за да преговараме за приемот на Шведска во НАТО“, рече Виктор Орбан на социјалната платформа X.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО во мај 2022 година, напуштајќи ја својата долгогодишна политика на неврзаност, одлука поттикната од руската војна против Украина, која започна во февруари истата година.

Финска, која со Русија дели граница долга 1.340 километри, стана членка на НАТО на 4 април 2023 година, со што бројот на земји членки се искачи на 31.

Сепак, членството на Шведска сѐ уште чека на ратификација од страна на земјите членки Туркије и Унгарија.

Турските власти постојано нагласуваат дека турските пратеници треба да одлучат дали ќе го ратификуваат пристапот на Шведска или не.

AA

Read Previous

Во израелските напади на Газа од 7 октомври досега се убиени 25.490 Палестинци

Read Next

Младо момче настрада во сообраќајка по полноќ во тетовско