ноември 24, 2024

Белгија со 611 милиони евра помош за Украина

Белгија годинава на Украина ќе и испрати 611 милиони евра помош, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Тој на Х објави дека имал телефонски разговор со шефицата на белгиската дипломатија Лудвин Дедондер за воената помош и развојот на ситуацијата на фронтот, пренесува МИА.

– Благодарност за учеството на Белгија во коалицијата за способности на воздухопловните сили, особено во програмата за обука на пилоти, нагласи Умеров.

Министрите разговарале и за учеството на Белгија во модернизацијата на украинските воени сили.

Read Previous

Ќе се зголемат платите во здравството на вработените со плати пониски од минималната плата

Read Next

Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника