октомври 10, 2024

Десетина пациенти со грип, a тројца од нив со ковид се на Инфективна, министерот вели нема простор за паника

Околу десет пациенти со грип се хоспитализирани на Инфективна клиника, а тројца од нив се веќе дијагностицирани со Ковид. Станува збор за иста фамилија на вируси. Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања.

И на Клиниката за пулмологија и алергологија, како што рече медицинскиот директор Дејан Докиќ, има пациенти со грип.

Има Една Пациентка Во Една Навистина Тешка Состојба, Со Пореметување На Самата Респирација Но И На Свеста И Преговараме Со Клиниката За Инфективни Болести Евентуално Да Ја Земат, Бидејќи Веројатно На Неа Ќе И Треба Респиратор. Пациентката Е Позитивна На Инфлуенца, Појасни Директорот.

Не е доцна за вакцинирање, порача Докиќ, укажувајќи дека за да бидат вакцинирани, пациентите мора да бидат здрави. Пациент кој е болен, потенцијално можеби има вирус, во тој случај не би можело да се вакцинира.

Запрашан дали има зголемување кај пациенти пушачи, со заболувања, меѓу кои и канцер, директорот одговори, дека, отприлика, бројот на новодијагностицирани е сличен како и претходните години.

Со Министерството За Здравство Се Работи Програма За Рана Дијагноза На Белодробниот Карцином Што Е Број Еден Карцином По Смртност Кај Мажите, А Трет Кај Жените. Со Оваа Програма, Верувам Дека И Ние Ќе Придонесеме Рано, Во Почетните Стадиуми Да Се Откријат Пациенти Со Белодробен Карцином, За Да Можат Ефикасно И Успешно Да Се Лекуваат, Подвлече Докиќ.

Одговарајќи на прашања, Меџити рече дека на Влада поминала физибилити студијата за Клиничкиот центар во Скопје и оти му доаѓа крајот на сообраќајниот метеж, а стручниот извештај за родилката од Делчево, како што рече, се уште не бил готов.

Во однос на проблемите со термини, Меџити нагласи дека има многу подобрување и редовно се следи состојбата. Повторно апелираше да се почитуваат закажаните термини и да се доаѓа на закажан термин, или да се откаже, ако пациентот е спречен да дојде.

Read Previous

Белгија со 611 милиони евра помош за Украина

Read Next

Уште неколку дена за политички комбинаторики пред гласањето за техничката влада