ноември 24, 2024

Ќе се зголемат платите во здравството на вработените со плати пониски од минималната плата

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за здравство заради давање овластување на министерот за здравство за потпишување Анекс за изменување и дополнување на Kолективниот договор за здравствената дејност на Република Македонија и на директорите, односно ВД директорите на јавните здравствени установи, за потпишување анекси за изменување и дополнување на поединечните колективни договори.

Притоа, Владата го овласти министерот за здравство да го потпише Анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со којшто се врши зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството, со плати пониски од минималната плата.

Read Previous

За еден месец продолжено ограничувањето на цените на основните прехранбени производи

Read Next

Белгија со 611 милиони евра помош за Украина