ноември 23, 2024

ДЗР во 2024 година планира да спроведе 73 ревизии

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2024 година планира да изврши 73 ревизии од кои 61 за регуларност, 11 за успешност и една за усогласеност.

Како што се наведува во Годишната програма на ДЗР за 2024 година што е објавена денеска, четири од вкупно предвидените 73 ревизии треба да се вршат еднаш годишно според Законот за државна ревизија, 23 се согласно барања доставени од засегнати страни, а 46 се предложени од ДЗР.

Од планираните ревизии за 2024 година, најмалку псум за успешност и три за регуларност, ќе бидат спроведени во соработка со меѓународни организации.

Целосната Годишна програма на ДЗР за 2024 година може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2023-12/Godisna_programa_rabota_DZR_2024.pdf.

Read Previous

Се решава работниот статус на 1.117 лица во здравството

Read Next

Во Челопек вчера убиените се татко и син на возраст од 52 и 28 години, најдени три пиштоли