ноември 22, 2024

Почна 30. Министерски состанок на ОБСЕ

Премиерот Димитар Ковачевски со воведно обраќање го отвори 30. Министерски состанок на ОБСЕ, што се одржува во Скопје.

На отворањето ќе се обратат и министерот за надворешни работи и актуелен Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Пиа Каума и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.

Во рамки на Министерскиот совет ќе биде потпишана Декларација за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација од страна на министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, Бујар Османи, Ивица Дачиќ, Елмедин Конаковиќ, Филип Ивановиќ и Игли Хасани.

Покрај тоа, ќе се одржат и настани посветени на обезбедување на одговорност и враќање на притворените украински цивили, како и адресирање на влијанието од климатските промени врз безбедноста на луѓето.

Read Previous

Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари

Read Next

Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на МЗ и СЗО, со поддршка на ЕУ