ноември 22, 2024

Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари

Пензионерите во Србија денеска на своите банкарски сметки ќе добијат  еднократна државна помош од 10.000 динари (едно евро = 116,73 динари).

– Државата одвои повеќе од 33 милијарди динари дополнителна помош за нашите најстари сограѓани, што е во согласност со актуелната државна политика за грижа за заедницата и поединецот во годините на криза, изјави вицепремиерот на Владата на Србија и министер за финансии, Синиша Мали

Тој наведе дека тоа е петта еднократна помош за пензионерите во Србија во изминатите четири години од почетокот на пандемијата со Ковид-19, војната во Украина, енергетската криза и конфликтите во Појасот Газа.

Во Србија има 1.65 милиони пензионери.

Read Previous

Лавров пристигна на Министерскиот совет на ОБСЕ

Read Next

Почна 30. Министерски состанок на ОБСЕ