ноември 23, 2024

Две години од страшната автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани!

Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија.

Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица.

Меѓу загинатите биле 12 деца.

На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија.

До денеска истрагата е завршена, а главната верзија е човечка грешка.

Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.

„Времето во кое ја виде заштитната ограда и се обиде да реагира беше само 1,8 секунди, што беше недоволно и не можеше да реагира поради оваа голема брзина“, изјави портпаролот на Националната истражна служба (НСЛС) Маријан Маринов.

Според инспекторите, автобусот се запалил за неколку минути.

Read Previous

СЗО загрижена: Нова болест се шири во земјата од каде што дојде коронавирусот, болниците во Кина се полни

Read Next

Активен пожарот во тетовско Фалише