– Сите повредени се наоѓаат во Ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен, соопшти косовската полиција
Девет лица се повредени ова утро од експлозија на рачна граната на сточниот пазар во косовскиот град Призрен, пренесува Анадолу.
Регионалната дирекција на косовската полиција за Призрен соопшти дека околу 4:50 часот ова утро добиле информација за експлозија на сточниот пазар во Призрен.
„Според првичните информации, девет лица се здобиле со повреди при експлозија на рачна граната. Сите повредени се наоѓаат во Ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен на лекување“, се вели во соопштението.
На лице место излегла регионалната истражна единица на Призрен за да ги собере доказите и да земе искази од сведоците. Од полицијата информираат дека идентификувале тројца осомничени и дека се трага по нив.
Во соопштението на полицијата не се наведува како настанал инцидентот.
AA