ноември 22, 2024

„Мајкрософт“ го претстави првиот чип со вештачка интелигенција

На конференција во Сиетл, компанијата „Мајкрософт“ го претстави својот прв чип со вештачка интелигенција – „Маја 100“, којшто може да се натпреварува со многу бараните процесори на „Енвидија“.

Технолошкиот гигант го претстави и чипот „Кобалт 100 арм“, наменет за општи компјутерски задачи и со слични функции како процесорите на „Интел“, пренесува „Си-ен-би-си“.

„Мајкрософт“ во мигов го тестира чипот „Маја 100“ во чет-бот со ВИ на прелистувачот „Бинг“, како виртуелен асистент за кодирање на платформата „Гитхаб“ и јазичниот модел „ГПТ-3.5-турбо“.

Read Previous

Во израелското бомбардирање на јужниот дел на Газа загинаа 26 Палестинци

Read Next

Греењето ноќе на спалната соба може да предизвика опасности по здравјето