„Цел на нападите беше и Одделот за интензивна нега на болницата“, истакна директорот на болницата „Ал-Шифа“
Најмалку двајца пациенти починаа откако болницата „Ал-Шифа“ престана со работа денес поради израелското бомбардирање, соопштија здравствените власти во Газа, јавува Анадолу.
„Цел на нападите беше и Одделот за интензивна нега на болницата“, истакна директорот на болницата „Ал-Шифа“.
„Окупациските сили ја бомбардираа зградата на хирургија во Медицинскиот комплекс Ал-Шифа во градот Газа“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Израелските артилериски напади и бомбардирањето во околината на болницата „Ал-Шифа“ и населбите во Газа не престануваат веќе шест часа, јави палестинскиот ТВ канал.
Синоќа, израелската авијација ги засили своите напади врз болниците во Појасот Газа. Тие продолжија во непосредна близина на болницата „Ал-Шифа“, Индонезиската болница, болницата „Ал-Авда“, болницата „Ал-Кудс“ и детската болница „Ал-Рантиси“.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, на изоставувајќи ги ни болниците, домовите и местата за богослужба, по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври.
Во нападите досега се загинати најмалку 11.078 Палестинци, од кои 4.506 деца и 3.027 жени.
AA