мај 4, 2024

Хрватскиот министер за одбрана, Баножиќ тешко повреден во сообраќајна несреќа

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на градот Жупања, во која едно лице загина.

Тој управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал.

Според неофицијални информации, Баножиќ утрово заминал на лов.

Причините за несреќата се истражуваат.

Баножиќ од болницата во Жупања е префрлен во Клиничкиот центар во Осиек

Read Previous

Овие знаци уживаат во животот без социјалните мрежи

Read Next

Израелските сили ја бомбардираа зградата на хирургија во болницата „Ал Шифа“ во Газа