ноември 22, 2024

Во Скопје санкционирани 263 возачи од кои 111 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на главниот град изрече вкупно 263 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти МВР, изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 34 санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

МВР потсетува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и  апелираме до граѓаните да ги почитуваат  сообраќајните правила и прописи.

Read Previous

Загина тригодишно дете во пожар во Белград

Read Next

Земјотрес од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Евија