ноември 25, 2024

Над 15.000 ученици денеска полагаат државна матура, министерот Шаќири вели: Дел од реформата за основно образование е спојување на предметите

Вкупно 15.620 ученици денеска полагаат државна матура, а резултатите за овој испит ќе бидат објавени на 10 јуни од страна на Државниот испитен центар, информира денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на почетокот на полагањето во СОУ „Ибрахим Темо“ во Струга.

-Денеска учениците од четврта година го полагаат првиот екстерен испит, наредниот период ќе биде вториот, па продолжуваат со два интерни испити и подготвување на проектната задача, истакна Шаќири.

По завршувањето на државната матура најави дека ресорното Министерство ќе побара од Владата да ги исполни барањата на Унијата на средношколци, за упис на универзитетите да се земе предвид еден од екстерните испити или првиот, но да се има предвид и вредноста во процес на упис на учениците во зависност на екстерните и интерни испити. Смета дека ова барање ќе биде реализирано бидејќи е на сите средношколци.

Според него, со новата концепција за спојување предмети досега немале никакви проблеми во петто одделение и посочи дека проектот ќе продолжи.

-После незадоволството кое го изрази Независниот синдикат можам да кажам дека во анализите на Бирото за развој на образованието што ги имаме направено во споредба на старата и новата концепција ние овој пат со спојување на предмети почнуваме само во шесто одделение. Тоа значи дека со новата концепција досега немавме никакви проблеми во петто одделение и ќе продолжиме. Гарантирам дека нема да имаме никакви проблеми, изјави Шаќири, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој смета дека наставниците по географија ќе имаат ист број на часови за шесто одделение како и претходно.

-Новиот концептот за основно образование продолжува и во седмо, осмо и деветто одделение. Како министер побарав од Бирото за развој на образование да симулира распоред на тоа како треба да изгледа пред 1 септември во сите училишта и како тоа треба да изгледа во делот на модулите кои ќе ги предаваат наставниците, во начинот на реализација на настава во три вида на училишта големи, средни и мали. И овие анализи ќе ги презентирам и пак уверувам дека колективно ќе ја донесеме одлуката. Секогаш сме биле отворени за дијалог, појасни министерот за образование и наука.

Тој посочи дека ако анализите за наредната учебна година покажат дека се очекуваат поголеми последици подготвени се и отворени за дискусија и вети оти нема да дозволи последици за наставниот кадар.

На новинарско прашање за забелешката од експертите дека двојно е зголемен бројот на одлични ученици, дали се потребни реформи, Шаќири рече дека во тек се реформи од кои дел ги поздравува, а за дел има забелешки.

-Дел од реформата за основно образование, новата концепција што се спојуваат предметите, за еден предмет ќе предаваат тројца професори и начинот на ова што го кажуваме е вклучено во тој процес на реформа, било каква реформа од било која земја или поразвиените европски земји. Порака и до родителите и до наставниот кадар дека секогаш ни требаат реални оценки, зошто тие што ја спроведуваат реформата и го оспоруваат процесот на оценување да биде реален. Јас сакам сите тие оценки да се реални, да не се повторува истата ситуација од мината година во скопско училиште каде учениците на приемен испит не ги добија резултатите што ги имаа претходно добиено. Заради тоа што беше краток периодот, обемен материјалот, прифатив дека се тие некои од причините, заклучи Шаќири.

Read Previous

Мицкоски подготвен за лидерска со Ковачевски, ама има услов!

Read Next

Ковачевски: Ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ