ноември 26, 2024

Мега паркот во Чаир ќе има 500 нови дрвја и садници

Мега паркот во Чаир што ќе се протега на просторот на улица „Македонско Косовска Бригада“ од крстосницата со „Втора Македонска бригада“ до крстосницата со „Џон Кенеди“ на површина од 30.000 метри квадратни, ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник, две нови спортски игралишта, две нови детски игралишта, две паркови површини за миленици, информираат од Град Скопје.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, предвидено е изведба на фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, со што паркот ќе биде место кое ќе придонесе за подобар квалитет на животот, животната средина и ќе биде катче во кое жителите ќе имаат содржини за прошетка и рекреација во слободното време.

-Посветено се работи за постепено исполнување на ветувањето за пет нови мега паркови, површини и дополнителни содржини, како една од бројните мерки кои меѓусебно се надополнуваат, Скопје да го решава долгорочно предизвикот со загадувањето. Со новите паркови кои се предвидени и во Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода и мега паркот кој е во завршна фаза во Ѓорче Петров, активно се работи на реализација на ветеното за пет мега паркови и нови зелени површини и садници, се наведува во соопштението од Град Скопје. 

Read Previous

Маричиќ: Преку „Отворен Балкан“ практично да го гледаме функционирањето на заедничкиот пазар

Read Next

Демократски сојуз бара мораториум на проектот „Бехтел и Енка“ додека не се објави Договорот и не се изврши ревизија